Крај на една „броманса“ и нова поделба во Силициумската долина

во Вести

Јавното разидување меѓу Доналд Трамп и Илон Маск е најголемиот настан кој ја разбранува Силициумската долина, дури и покрај актуелните протести.

Краткотрајната „броманса“ меѓу американскиот претседател и најбогатиот човек на светот доживеа спектакуларен крах минатата недела. Конфликтот започна кога Маск ја искористи својата социјална мрежа X за да го критикува „Убавиот голем предлог-закон“ (One Big Beautiful Bill Act) на Трамп. Експертите велат дека овој закон ќе ги намали даноците, ќе ги намали здравствените бенефиции за сиромашните и драстично ќе го зголеми финансирањето за имиграциската контрола, истовремено додавајќи билиони долари на федералниот дефицит. Маск го нарече предлог-законот „одвратна гнасотија“. Дополнително тврдеше дека Конгресот ќе ја банкротира Америка. Трамп очекувано не остана покусо. Брзо одговори дека Маск е лут поради тоа што законот ќе ги елиминира субвенциите за електрични возила кои и користат на Tesla.

Речиси веднаш дојде до поделба на два табори, луѓе кои го поддржуваат Трамп и оние кои се „за“ Маск.

Поделби во екосистемот на Трамп и Маск

Но изборот на страна не е едноставен за сите. Кавгата ги стави под притисок најблиските соработници на Маск од технолошката индустрија. Меѓу нив се крипто-царот Дејвид Сакс, Марк Андреесен и други инвеститори, кои сега се принудени да изберат дали ќе го поддржат извршниот директор на Tesla или ќе продолжат со поддршката за претседателот. Дел се обидуваат и да одржат рамнотежа меѓу поддршката на Маск и воздржување од отворени критики кон Белата куќа.

Дејвид Сакс и Чамат Палихапитија, двајца ветерани од технолошката индустрија и домаќини на поткастот All In „одбиваат“ да одберат страна. Двајцата се однесуваа како ништо да не се случува. Палихапитија објавуваше за криптовалути. Сакс истовремено коментираше за политиката за вештачка интелигенција.

Дел од поткастите го коментираа настанот, но останаа неутрални. Дејвид Фридберг објави „Кина само што победи“. Џејсон Калаканис објави „Во политиката нема вистински пријатели, само заеднички интереси“, пренесе Wired.

Борба на егата и неочекуван оптимизам

Бромансата на Трамп и Маск требаше да означи почеток на нова ера во Вашингтон. Лидерите од Силиконската долина ги користеа своите огромни онлајн платформи за да поддржат кандидат за кој веруваа дека ќе биде добар за бизнисот. Маск имаше неограничен пристап до Белата куќа. Потоа и до федералната влада со неговото назначување да раководи со таканаречениот Оддел за владина ефикасност (DOGE). Овој чекор беше поздравен од многумина во технолошкиот сектор. Тие се надеваа дека Маск ќе донесе нова ефикасност и иновации во бирократскиот апарат. Веројатно и се надеваа дека неговиот претприемачки дух ќе помогне да се надминат некои долгогодишни проблеми.

Додека многумина се надеваа на соработка, поради тензиите меѓу две супер големи ега се чини дека од почетокот беше осудена на пропаст. И Трамп и Маск се навикнати да бидат главни во сопствениот домен. Спојувањето на нивните интереси неизбежно доведе до несогласувања.

Image courtesy of Gage Skidmore / Flickr / CC BY-SA 2.0

Причини за разделбата

Главната причина за разделбата е несогласувањето околу „Убавиот голем предлог-закон“ на Трамп. Иако Маск и претходно имаше резерви кон законот, на крајот на мај објави дека некои делови не го радуваат, но други се одлични.

Пред последнава недела, кавгите помеѓу Трамп и Елон не беа премногу јавни. Дури и ако се случувале, пред само 10 дена Трамп на Truth Social објави „Ова е неговиот последен ден (во DOGE), но не навистина. Тој ќе биде со нас ќе ни помага постојано. Елон е одличен“.

Расколот се чини дека навистина започна откако Маск на X објави дека законот е вистинска гнасотија, додавајќи „сите што гласавте срам да ви е. Знаете дека погрешивте“.

Трамп оваа објава и критиките кои следеа ги сфати како личен напад и предавство. На 5 јуни, запрашан за односот кој го имаат со Маск. Трамп одговори имавме одличен однос, но не знам дали ќе имаме повторно. Додавајќи дела лутината на Маск е поради финансиски интереси. Трамп сугерираше дека Маск е лут поради елиминирањето на субвенциите за електрични возила, кои директно влијаат на Tesla.

Јавната расправа кулминираше со објавата на Елон на X во која го обвини Трамп дека никогаш нема да ги објави документите на Џефри Епстин бидејќи и самиот е дел од нив. Подоцна, Маск ја избриша оваа, и дел од другите објави на X.

Image courtesy of Gage Skidmore / Flickr / CC BY-SA 2.0

Генерациски јаз и очекуван раскол

Несогласувањата можеби беа и очекувани. Маск и Трамп доаѓаат од различни сектори, а тука е и генерацискиот јаз. Трамп претставува поконзервативна, популистичка база, која најчесто е ориентирана кон традиционални индустрии и не е ентузијастичка за брзите технолошки промени. Маск, од друга страна, веројатно за себе размислува како за аватар на иновацијата, иднината и технологијата. Поддршката за Маск доаѓа од помлади, технолошки понапредни поединци и оние кои сакаат да веруваат во брз напредок.

Технолошката индустрија е ориентирана кон профит, но сепак има силна компонента на „прогресивност“ и верба во решавање на големи општествени проблеми преку технологија. Некои од политиките на Трамп, особено оние поврзани со животната средина и социјалните програми, не се во согласност со вредности на многумина во Силиконската долина. Самиот Маск, не толку одамна веруваше во климатските промени и заедно со Леонардо ди Каприо беше заштитно лице на „Before the Flood“.

Маск е супер богат и супер моќен

Оваа ситуација е далеку од завршена. Иако Илон Маск повеќе не е дел од администрацијата на Трамп, тој и понатаму е супермоќна фигура. Неговата контрола врз X , Tesla, SpaceX, xAi, и други компании му даваат огромно влијание врз јавното мислење, економијата и технолошкиот напредок. Неговите објави на социјалните мрежи можат да предизвикаат пазарни турбуленции, да влијаат на политички дебати и да обликуваат ставови.

По расколот со Трамп, на X јавно повика на создавање на нова политичка партија во Америка, која „ќе ги претставува 80% во средината“. За дел од аналитичарите ова е доволен показател дека Маск нема намера да се повлече од политичката арена.

Неговиот судир со Трамп може да принуди некои од неговите поддржувачи во технолошката индустрија повторно да ја преиспитаат својата позиција во политичкиот спектар. Без сомневање, Елон е голема причина поради која дел од технолошкиот сектор се „престрои“ на десно. Прашањето е, дали излегувањето на Елон ќе значи дека технолошкиот сектор повторно ќе се престрои.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments