After School е интересна и контроверзна апликација која тинејџерите ја обожаваат, но Apple ја забрани бидејќи беше небезбедна. Апликацијата беше повлечена од AppStore цели четири месеци сѐ додека не ги испочитуваа правилата на Apple. По повеќе од една година се чини дека апликацијата ги реши проблемите, се врати во AppStore и успеа да привлече 16 милиони долари инвестиции.
After School е апликација за објавување анонимни пораки по училиштата, која според една анкета е меѓу омилените апликации на тинејџерите. Но, анонимноста и тинејџерите не се секогаш најпаметна комбинација, па проблемите започнаа откако наместо за пораки, сервисот се користеше за анонимни навреди и малтретирања. Дури имаше пријави за неколку забрани за напади со оружје. Затоа апликацијата кратко беше забранета од продавницата, иако креаторите не се откажаа во нејзинито развој. Тие започнаа со мануелно прегледување на коментарите пред нивното објавување и најмија советници кои им помогна за побезбедна апликација. Дел од помагачите се волонтерите DoSomething.org, јави Recode.
Интересно е што контроверзните проблеми не ги обесхрабрија инвеститорите кои вложија 16 милиони долари и ја стабилизираа апликацијата финансиски. Но, многу поважно сервисот сега е безбеден и за користење. Апликацијата има над 2 милиони корисници, и е достапна само за iOS.
>прилеќе