Консолидирање на пазарот за преносни компјутери Fitbit го купува Pebble

0 коментари 1 мин. читање

Производителот на најпродавани преносни и спортски компјутери, Fitbit, наскоро ќе стане сопственик на најпопуларниот паметен часовник на Kickstarter, Pebble. Договорот за купувањето е во последна фаза, тврдат извори за The Information.

Pebble e една од ретките компании која успешно продава паметни часовници. Часовникот е една од најуспешните Kickstarter-кампањи до сега, но во последно време има неколку проблеми. Компанијата има собрано над 15 милиони долари инвестиции, а тука не влегуваат парите од Kickstarter. Дополнително споредено со средствата од Kickstarter овие 15 милион долари и не изгледаат импресивно, само за Pebble Time компанијата имаше рекордна Kickstarter кампања со која собраа 20 милиони долари.

Сепак новиот часовник Pebble 2 дојде со доцнење, а и сензорите на мерење на срцевите отчукувања не беа прецизни, според информациите на Verge. За разлика од ова Fitbit нема никакви проблеми и е една од ретките компании која успешно продава преносни компјутери и фитнес тракери.

Засега ниту Fitbit ниту Pebble не ја потврдуваат веста. „Не коментираме на гласини и шпекулации.“, вели портпаролот на Fitbit,

Цената која Fitbit ќе ја издвои за Pebble е помеѓу 34 и 40 милиони долари, тврди TechCrunch.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top