Часовникот Peeble Time собра рекордни 20,3 милиони долари на Kickstarter

Pebble Time, втората верзија на часовникот кој ги прослави паметните часовници, успеа да собере 20,3 милиони долари од 78.463 поддржувачи на Kickstarter.

„Не можеме доволно да и се заблогодариме на Pebble заедницата. Продолжуваме да ги слушаме и да се инспирираме од поддржувачите кој веруваа и ја поддржуваа нашата визија од почетокот“, вели Ерик Мигицовски, директор на Pebble.

Со ова овој проект Peeble стана рекордер на Kickstarter поминувајќи го Coolest Cooler кој до сега го држеше првото место. Pebble Time стана и најбрзиот проект на краудфандинг платформата кој стигна до 1 милион долари, надминувајќи ја оваа сума за само 49 минути. Рекордите иако се импозантни, сепак нема да ги израдуваат поддржувачите повеќе од фактот дека Pebble Time за 20 пати ја надмина потребната сума за реализација на проектот, а најважно е дека проектот ќе се реализира.

Според најавата Pebble Time ќе биде 20 отсто потенок од претходникот, ќе доаѓа со нов „e-paper“ дисплеј во боја, за разлика од претходникот кој е со црно-бел екран. Тоа што нема да се промени е периодот помеѓу полнењето на батеријата кој во споредба со останатите часовници е огромна предност за Pebble, бидејќи потребно е полнење на 7 дена.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk