KONOSUBA – God’s Blessing on this Wonderful World! Love For These Clothes Of Desire! е многу повеќе од долг наслов. Доколку сте фанови на Konosuba! аниме серијалот, тогаш ќе бидете апсолутно импресионирани од играта на MAGES!
Што е KonoSuba?
KonoSuba: God’s Blessing on This Wonderful World! е јапонски серијал од кратки романи кои, обично, таргетираат помлада публика. Напишан од Натсуме Акатсуки, а илустриран од Куроне Мишима, серијалот обработува настани поврзани со момче кое е префрлено во фантазиски свет во кој преовладуваат MMORPG елементи.Романите беа до тој степен популарни, да подоцна се појави и манга, па радио драма, за да на крај излезе и популарна аниме серија. На фановите им се пружија две одлични сезони. Играта за која зборуваме денес се надоврзува на тие настани. Третата сезона се очекува во април 2024 година.
Пред да почнете со играта, имајте во предвид дека: развојното студио никако не го држи играчот за рака и раскажува впечатлива приказна во која ќе можат највеќе да уживаат само фановите на играта. Сите останати би можеле да се чувствуваат релативно изгубени во моментните настани и нема да можат вистински да ги ценат харизматичните ликови. Доколку не сакате фрустрирачки да скокате од една наративна празнина на друга, строго препорачуваме првин да го одгледате аниме серијалот.
Впечатлив визуелен роман
Што се однесува до самата игра, KONOSUBA – God’s Blessing on this Wonderful World! Love For These Clothes Of Desire! е визуелен роман. Тоа значи дека ќе читате текст. Многу текст! Поентата е да се соживите со бројните ликови и со нивните моментни проблеми, како би можеле да ја разбиете новата, проблематична клетва.

Особено ни се допадна тоа што на секој лик се позајмува автентичен и веродостоен глас, а често ќе треба да донесувате најразлични одлуки кои ќе имаат видни последици во понатамошното одвивање на приказната.

Нормално, ќе имате можности да планирате активности, да собирате ресурси и да создавате облека така што ќе извршувате одредени задачи и квестови, но факт е дека, во сржта, Konosuba е визуелен роман. Доколку сте фанови на двете сезони и, во очекување на третата сезона сакате носталгично да се навратите на ликовите, ова е игра роман кој топло го препорачуваме.

Повеќе детали за играта
- Произведува: MAGES. Inc.
- Издава: PQube
- Жанр: визуелен роман
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 8 февруари 2023







