Конкурс за Награда на светскиот самит

во ИТ.МК

{mosimage}Наградата на светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на е-содржини и проекти и е организирана од страна на Обединетите Нации. Секоја втора година по ред, започнувајќи од 2003, во над 160 земји ширум светот се одвиваат национални избори чии победници подоцна продолжуваат на еден глобален натпревар.

Конкурсот во Македонија е организиран од страна на Фондацијата Метаморфозис и во него може да учествуваат јавни и приватни установи и компании, организации како и граѓаните на Република Македонија.

Избраните проекти кои треба да се објавени во периодот 2007-2008 година, можат да се пријават во повеќе категории како на пример:

  • е-владеење и институции
  • е-учење и образование
  • е-здравство и животна средина
  • е-забава и игри
  • е-бизнис и трговија
  • е-култура и наследство
  • е-вклучување и учество
  • е-наука и технологија

{mosimage}

Овогодинешниот рок за пријавување на проектите е до 12 декември, 2008 година, што значи дека нема баш многу време за чекање.

По пријавувањето, мултидисциплинарно експертско жири, меѓу чии претставници оваа година ќе учествувам и јас како главен уредник на IT.com.mk по покана од Метаморфозис, ќе ги избере најдобрите проекти кои ќе ја претставуваат нашата земја на глобалниот конкурс на Наградата на светскиот самит за 2009 година.

Пријавувањето на проектите е бесплатно и се врши преку интернет, но стриктно се забранува пријавување на проекти кои содржат елементи кои потикнуваат насилство, омраза, порнографија, мизогинија, расизам или некој друг вид на дискриминација.

Во 2007 година, кога последен пат беше оддржан овој конкурс во Македонија, беа избрани осум претставници кои можете да ги прегледате на следниов линк.

Сите заинтересирани за повеќе информации можат да го посетат веб сајтот за Наградата: www.wsa.org.mk, каде што можат да ги пријават своите проекти и да ги разгледаат правилата и критериумите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments