Пет корисни Google трикови

во Совети

{mosimage}Google е многу повеќе од еден обичен интернет пребарувач кој ни овозможува брз и лесен пристап до информациите кои ги бараме. Покрај добро познатата додатна опција за пребарување на термини на одреден сајт со внесување “site:it.com.mk internet”, Google.com овозможува и голем број на други мали трикови кои можат да бидат доста корисни за корисниците. Во овој текст, ќе разгледаме пет од нив.

1. Колку е часот?
Сигурно сте се нашле во ситуација кога сакате да контактирате со некого кој е во друга временска зона и ви е потребно да дознаете колку е часот според локалното време таму. Можете да го направите тоа на стариот добар начин со пресметување на временската разлика, закачување на два часовници во вашата соба… или пак можете едноставно да внесете "What time is it in [градот]" во Google и моментално ќе го добиете точното време.

{mosimage}

2. Претворање на курсеви и мерни единици
Со оваа опција можете многу лесно да претворите јарди во метри, или пак милји во километри без притоа да користите калкулатор и да ги знаете соодветните вредности на единиците. Исто така, може да ја користите и за дознавање на интересни факти како на пример колку секунди има во една година или пак за претворање на гигабајти во бајти и сл. Опцијата овозможува и претворање на парични курсеви. Се што треба да направите е да ја внесете мерната единица и да го додадете зборот "in" пред единицата во која сакате да ја конвертирате. Пример: "5 Euros in US Dollars" или "Seconds in a year" итн.

{mosimage}

3. Барајте музика
Со користење на напредни опции за пребарување кои ги нуди Google може да барате специфични видови на фајлови. Најчесто овие опции се искористени за пронаоѓање на музички фајлови во Mp3, WMV, WMA и други формати. На пример, доколку сакате да пронајдете песни од некој музичар, во овој случај ќе го искористиме Роби Вилијамс, го внесувате следново барање:

-inurl:(htm|html|php) intitle:"index of" +"last modified" +"parent directory" +description +size +(wma|mp3) "Robbie Williams"

4. Временска прогноза
Слично како кај опцијата за истакнување на точно време во различна временска зона во првата точка од овој текст, со помош на внесување на барањето "Temperature in [град]" ќе ја добиете временската прогноза за следните 4 дена во одбраното место.

{mosimage}

5. Препознавање на лица
Доколку сакате да го искористите пребарувачот на слики за барање на фотографии од некоја личност, на пример Парис Хилтон, а не сакате во дел од резултатите да ви биде прикажан градот Парис, преку кратко надополнување на линкот може да го искористите софтверот за препознавање на лица на Google кој е интегриран во пребарувачот. Трикот се состои во тоа што ќе го додадете терминот "&imgtype=face" на крајот на URL-то. Пример без додадениот термин, и пример со додаден термин за препознавање на лица.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments