HTC со 70% помали приходи поради поголемата кoнкуренција и лошата економија

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни, Свет

Тајванскиот производител на паметни телефони, HTC, го пријави најнискиот квартален приход во последните десет години. HTC вели дека намалениот приход од 151 милиони долари, што е за 70 отсто помалку од претходната година, се должи на посериозната конкуренција и лошата глобална економија, но и додава дека овие резултати не се критички бидејќи во наредниот период се планирани нови паметни телефони.

HTC e петтиот најголем производител на паметни телефони со 8,9 отсто од пазарот на мобилни телефони, помалку од 19-те отсто на Apple и Samsung 19,1 отсто. Ова се двата конкуренти на HTC кои во претходниот квартал забележаа големи продажби со iPhone и Galaxy моделите.

Според аналитичарите, приходите на HTC во март започнаа да растат во вториот квартал кој е традиционално јак за HTC. Се очекуваат и нови модели на паметни телефони кои дополнително ќе ги зголемат приходите.

Тајванската компанија го претстави својот прв паметен телефон во 2006-та година, откако претходно беше само производител во позадина за поголемите компании. Во седумте години компанијата стана сериозен конкурент на пазарот, светски препознатлив бренд кој претстави доста интересни Android паметни телефони наменети пред се за забава и друштвени мрежи. Успехот на HTC се должи на раното прифаќања на Android платформата и брзо произведување на телефони за таа платформа. HTC од неодамна започна да произведува и Windows Phone телефони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Бојан
Бојан
11 years ago

HTC не почна од неодамна да произведува телефони со Windows Mobile, туку имаат започнато како производител на телефони со тој опретивен систем. Подоцна заради прифаќање и производство на телефони со Андроид му плаќаат на Microsoft одредена сума за секој продаден телефон како и за користење на нивни патенти(и Google i HTC) заради сеуште важечки договор за ексклузивност што го имаат со Microsoft.

Valter
Valter
11 years ago
Reply to  Бојан

Fino si pisuva vo tekstot "Windows Phone" ne "Windows Mobile" kako so velis ti. Toa se dve razlicni platformi.