Wikipedia им се придружи на многуте други компании кои решија да ги откачат Google Maps најавувајќи дека во својата Android и iOS апликација ќе користи OpenStreetMap. Претходно Apple го направи истото со iPhone за iOS, Foursquare комплетно ги откачи Google Maps, а Microsoft реши да ги сподели свои мапи со OpenStreetMap.
Причината зошто сите се префрлаат е бидејќи Google реши да им наплати на сите големи компании кои го користат Maps API-тo, што значеше дека вниманието на сите се свртија кон другите мапи, поточно кон слободниот проект OpenStreetMap кој е бесплатен за користење и чии мапи ги креираат корисниците.
Wikipedia како не-профитна организација може да добие грант од Google за бесплатно користење на мапите, но се чини дека енциклопедијата сака да го задржи Wiki-моментот кој го имаат и OpenStreetMap, односно корисниците да бидат тие кои ќе ги обезбедуваат информациите наместо да бидат во рацете на една компанија.
„Промената на OpenStreetMap кои се посочуваат како „Wikipedia за мапи“ се поистоветува со нашата цел за да го направиме знаењето достапно за бесплари и да биде отворено за секого. Ова исто така значи дека нема веќе да ги користиме лиценцираните Google API-ја во нашиот код, што помага да работи на милиони на ефтини Android телефони кои се комплетно со отворен код и немаат лиценцирани Google апликации.“, вели онлајн енциклопедијата.