Конкурентот на Google Glass, Telepathy, стартува со 5 милиони долари инвестиција

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Првиот конкурент на Google Glass, Telepathy на Такахито Игучи успеа да ги собере потребните 5 милиони долари за реализација на проектот.

Првичната идеја на г. Игучи беше, за разлика од Google, доживувањата видени преку очилата да се споделат со потесен круг пријатели. Проекторот ќе стрима видео до пријателите на корисниците, а корисникот кој го испраќа видеото ќе може да ги прочита нивните коментари. Но, г. Игучи се откажа од оваа идеа и сега поврзувањето ќе биде можно со поширок круг на луѓе, или како што вели „преносната технологија ќе овозможи нов бран на друштвени мрежи“.

Иако уредот звучи слично на Google Glass, се чини дека за конкурентност на стартапот му недостасува големината која ја има Google, пред се за да понуди барем дел од апликациите кои гигантот ги најавува најмалку половина година пред официјалното излегување на Google Glass. Мала предност која ја има Telepathy е подобриот изглед на уредот, но недоволно во споредба со останатите конкуренти како неодамна најавените Meta очила.

Иако уредот беше најавен за крајот на 2013 година, со оглед на тоа дека стартапот вработува хардвер и софтвер инженери во моментов, остварувањето на оваа цел изгледа далеку од реалноста. Барем засега Telepathy наликуваат на разводнета варијанта на Glass, и според првите најавите ќе доаѓа со цена од 1.500 долари колку што чинат и првите уреди на Google.

[youtube]efqVcFzIaPA[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments