Во светот на беспилотните летала, дроновите се кралеви

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Неодамна во Вашингтон се одржа годинешната конвенција на Интернационалната асоцијација за беспилотни летала на која беа претставени забавни, но и застрашувачки дронови. Имаше автономни летала кои можат да летаат самостојно цели пет години, некои летала кои се невидливи и секако автономни автомобилчиња кои прескокнуваат препреки висики над 9 метри. Проценките на експертите се дека во следните неколку години индустријата која ги произведува дроновите ќе „тежи“ околу 400 милијарди долари. Без сомневање главен почетен инвеститор ќе бидат армиите на државите, но се очекува од 2015 година беспилотните летала да се користат и во транспортот. Во Европа ваква одлука ќе се донесе најдоцна до 2018-та година. Еве дел од најинтересните дронови кои беа прeтставени на саемот:

Solara 50 е соларно летало кое може самостојно лета на висини околу 18 километри цели пет години. Креаторите го нарекуваат „атмосферски сателит“.

[youtube]If8MODnvjhw[/youtube]

Northrop Grumman’s X-47B stealth drone е автономен авион невидлив за радарите, а може да слета на носач за авиони. Произведен од Northrop Grumman на барање на војската на САД, на ова летало не му треба писта, туку може да полета во мисии директно од авионите-носачи во било кој дел од светот.

[youtube]gFVxYlR8Bf8[/youtube]

Sand Flea е автономно автомобилче кое може да рипне на куќи или над препреки високи до 9 метри, а потоа и да се симне од нив. Дронот е произведен од Boston Dynamics со средства од армијата на САД.

[youtube]6b4ZZQkcNEo[/youtube]

iRobot Roоmba е автоматизиранa правосмукалка која без проблеми може да исчисти под креветот или блиску до ѕидовите. Роботот ја детектира нечистотијата со помош на оптички и акустични сензори. Покрај ова дронот автоматски оди на полнење на батериите помеѓу чистењето, а постои и сигнализација која помага корисникот да забележи кога Roomba е полна.

[youtube]edSfq8ItAaI[/youtube]

Puma AE е уште еден проект за армијата на САД, станува збор за автономно летало кое се користи за извидување. Леталото може да лета без оглед на временските услови, а според најавите подеднакво добро слетува на земја или во вода.

[youtube]LrdlUwGXQqI[/youtube]

Слично летало е и Maveric, може да лета 75 минути и опремено е со камера со повеќе модови на снимање или фотографирање.

[youtube]DwDEa0k40Uk[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk