Откријте ги безбедносните прашања за вашата лозинка во Windows 10 со SecurityQuestionsView

0 коментари 1 мин. читање

При инсталирање на Windows 10 и првичното покренување, прашани сте дали сакате да се логирате во системот со вашиот акаунт на Microsoft или пак сакате да се пријавувате во системот офлајн, односно без да креирате или користите акаунт од компанијата. Во случај да сте го одбрале второво, потребно е да одберете три безбедносни прашања, заедно со по еден одговор за секое прашање. Во случај да си ја заборавите лозинката, одговарање на тие три безбедносни прашања ќе ви помогне да влезете во системот.

Но, што доколку ги заборавите и прашањата?

Во тој случај, новата алатката на nirsoft – SecurityQuestionsView ќе ви помогне да ги откриете не само прашањата, туку и одговорите кои сте ги понудиле. SecurityQuestionsView го скенира Windows Registry и нуди листа со сите прашања и понудени одговори.

Windows 10 Security Questions Viewer
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top