0 коментари 3 мин. читање 27 септември, 2013

Пристигнаа паметните пушки кои можат да погодат мета на 1.000 метри растојание

Tracking Point е компанија која работи на подобрување на прецизноста на огненото оружје. Поради современата технологија која е вметната во пушките произведени, компанијата вели дека вистински почетник може да погоди мета на растојание од околу 1.000 метри со речиси 100 отсто прецизност.

За прецизност на голема даличина е потребно или големо искуство или брзи пресметки. Штом го истрелате куршумот тој почнува да паѓа, а помеѓу факторите кои влијаат на балистичката крива се надморската висина, растојанието и наклонетоста. Решението на Tracking Point е мини-комјутер сместен заедно со оптичкиот нишан, а овозможува преглед на: целта, аголот на пукање, траење на батеријата, зум, како и некои променливи во околината. Сето ова поприлично наликува на видео игра, вели Дара Кер за CNet.

[youtube]LvbyAcYjzlc[/youtube]

За да може да ја погоди целта, стрелецот најпрво треба да ја одбележи метата, и потоа го повлекува чкрапалото, но, за разлика од традиционалните пушки, паметната пушка ќе испука дури откако нишанот и одбележаната цел ќе бидат усогласени. Истрелот е автоматизиран. Компјутерот сместен во телескопскиот нишан ги врши сите пресметки откако ќе биде одбележана метата и покажува каде треба да испука стрелецот за да ја погоди целта, слично како HUD дисплејот на пилотите. Пушката може да се поврзе со iPad со што поискусен стрелец би можел да го наведува почетникот.

„Уредот е десеткратно подобрување на тоа што може да го направат тренирани стрелци. Сум пукал против најдобрите. Сум пукал и против Олимпијци во Финска, ништо не е ниту блиску до можностите кои ги имаме“, вели Аугуст Крокет, искусен стрелец.

Во раце на полицијата или војската, ова оружје можеби може да допринесе за безбедноста, автоматско нишанење на цел и речиси 100 отстотна прецизност е одлична вест, а покрај ова тука е и неможноста за испукување доколку не нишаните на целта. Сепак во раце на злонамерници Tracking Point е навистина опасно оружје, за среќа пушката чини 25.000 долари и доаѓа во ограничени количини па секој нема да може да си ја дозволи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top