Апликација на денот: Заштитете го вашиот Android уред со Malwarebytes Anti-Malware

Додека апликациите за заштита голем период се присутни, задолжителни и играат голема улога кај компјутерите, со зголемувањето на мобилните оперативни системи и бројот на апликации и безбедноста на мобилните се става под знак прашалник. Една од поновите апликации за заштита на вашиот Android телефон е Malwarebytes Anti-Malware.

Апликацијата е наменета да ве заштити од малициозен код и е прилично едноставна за користење, со тоа што нуди неколку главни функции како што се скенирање, менаџирање со приватност и менаџирање со апликациите. Доколку изберете да го скенирате вашиот уред, Malwarebytes Anti-Malware ги поминува сите датотеки и апликации кои би можеле да содржат малициозен код, додека целиот процес би траел неколку минути.

Менаџерот за приватност ви овозможува да имате увид врз дозволите кои секоја инсталирана апликација ја има, како и да скенирате кои сe апликации имаат пристап до вашите лични податоци како што се SMS пораките, да ја следи вашата локација и слично. Додека менаџерот за апликации нуди преглед на апликациите кои ги имате инсталирано и тие што работат во позадина, како и да видете колку простор и ресурси трошат истите. Дополнително, постои и Whitelist во која можете да додадете апликации за кои сметате дека се безбедни и истите нема да се скенираат.

[youtube]b5lfNtiZD1w[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments