Samsung започна да го продава првиот Tizen телефон

во Мобилни

Јасно е дека Samsung стигна на тронот на мобилната индустрија со помош на Android, но изгледа дека соработката наскоро би можело да се промени откако јужнокорејскиот гигант започна да го продава првиот паметен телефон со Tizen оперативен систем. Телефонот Z1 првин ќе се продава во Индија, а потоа и во остатокот од Азија.

Тizen е оперативен систем на Samsung и уште неколку гиганти, кои инвестираа во неговата изработка, со надеж дека ќе направат конкурент на Android, барем кај поефтините телефони, и со тоа ќе ги намалат трошоците кон Google. Tizen веќе е присутен на паметниот часовник на Samsung – Gear 2, и има најави дека ќе се користи и за телевизорите кои ги продава гигантот. Со свој ОС, Samsung нема да зависи од одлуките на Google, и ќе има своја платформа која ќе го двои од другите производители на Android уреди. Сeпак, планот на Samsung зависи од колку добар може да биде Tizen?

Цената на Samsung Z1 е конкурентна на азискиот пазар и доаѓа за 92 долари, а според компанијата една од најголемите предности е трајноста на батеријата. Од Samsung тврдат дека причина за ова е „штедливоста“ на оперативниот систем, но сепак хардверот во телефонот нема да импресионира баш никого. Samsung Z1 доаѓа со 4-инчен екран со резолуција 480р; предна и задна камера од 2.1 и 0.3 МР; 4GB слободен простор кој може да се прошири со microSD картичка и Dual-SIM што со оглед на поделеноста на државите во Индија и посебните провајдери за секоја област е вистински погодок, и ќе им овозможи на корисниците избор на најевтина тарифа за секој регион. Батеријата би требало да овозможи 8 часа разговор или 7 часа прегледување на видео содржини.

Сепак покрај успехот на телефонот, кој може да се покаже и клучен на азискиот пазар во обидот да се одбие конкуренцијата од Xiaomi и Lenovo, можеби поинтересен е оперативниот систем на Samsung и напорите да се наметнат на третото место заменувајќи ги Windows Phone и Mozilla OS. Samsung Z1 вети дека ќе потрошат пари и вреди да го збогатат екосистемот со нови апликации. Оперативниот систем се заснова на Linux и користи HTML5, па можеби токму едноставноста ќе биде клучна за популаризација кај девелоперите.

[youtube]cGCjf7E9kS0[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk