Една од водечките ИТ компании во Македонија, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје, која е дел од најголемата ИТ групација и пионер во развојот на банкарскиот софтвер – ASSECO SEE (АСЕЕ),
објавува значајна промена во своето име.
Имено, од 3 октомври 2023 година, компанијата функционира под нов правен назив – AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, скратено AСЕЕ ДООЕЛ Скопје. Оваа промена е дел од стратегијата на групацијата ASSECO SEE за унификација на брендовите и проширување кон глобалниот пазар.
Новото име, AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, означува нова ера за нас како компанија и индустријата во целост. Од сега натаму, сите комуникации со нас ќе се вршат преку брендот AСЕЕ, користејќи го називот AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, додаваат од компанијата.
За ASEE
Групацијата ASEE е една од најголемите ИТ компании во областа на производство и имплементација на сопствени софтверски решенија и услуги во регионот на Југоисточна Европа, Турција, Шпанија, Португалија, Андора, Колумбија, Перу, Доминиканска Република, Словачка и Чешка. Компанијата креира ИКТ решенија за различни индустриски вертикали вклучувајќи го финансискиот сектор, јавната администрација и телекомуникациите. Од октомври 2009 година, акциите на Asseco Југоисточна Европа (WSE: ASEECOSEE, ASE) котираат на Варшавската берза. Групацијата АСЕЕ вработува над 3.800 луѓе во 23 земји. Повеќе од 10 банки од 15-те најголеми во југоисточна Европа се веќе клиенти на ASEE.