0 коментари 2 мин. читање 27 декември, 2011

Компанија тужи твитерџија бидејќи им зел 17.000 следбеници

Популарниот мобилен сајт Phonedog.com го тужи поранешниот вработен Ноа Кравитц бидејќи им украл околу 17.000 Twitter следбеници. Г. Кравитц ја доби тужбата бидејќи го промени корисничкото име на профилот преку кој споделувал компаниски твитови од @Phonedog_Noah во @NoahKravtiz, кој е сега личен профил.

Тој за New York Times рече дека компанијата му дала дозвола да продолжи да го користи профилот и по напуштање на компанијата за која работел четири години како блогер. Договорот бил тој да сподели некој промотивен твит од време на време.

По осум месеци откако г. Кравитц ја напушти компанијата, Phonedog му рече дека сите негови, тогаш 17.000, сега 22.000, следбеници се клиенти на компанијата, и побараа оштета, односно да им се исплати за секој следбеник. Па, колку чини еден твитерџија според Phonedog? Тие бараат 2,5 долари по следбеник за осум месеци, или вкупно 340.000 долари.

Г. Кравитц и Phonedog сега ќе се расправаат на суд, а клучот во случајот, велат експертите, ќе биде одговорот на прашањето зошто го отвориле профилот. Ако го отвориле за Phonedog да собере нови корисници, тогаш тоа е нивен профил.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top