Аpple казнет со 900.000 евра бидејќи ги дезинформирал италијанските корисници

во Свет

Италијанските власти го казнија Apple со 900.000 евра, или 1,2 милиони долари, бидејќи ги дезинформирал корисниците кои купувале Apple производи.

Apple вообичаено дава една година гаранција на своите производи во разни земји, но во Италија на секој свој клиент промотивно им нудел бесплатна техничка поддршка и гаранција за две години по купување од производот. Ова е всушност погрешно рекламирање бидејќи според италијанските закони на секој корисник треба да му е загарантирана две години гаранција и техничка поддршка за секој купен производ.

Проблемот, велат италијанските власти, е што Apple ги прелажувал корисниците да потпишат дополнителен договор за да се вклучат во AppleCare за да ја добијат гаранцијата од две години.

Apple е казнет со 400.000 евра заради што не ја објаснил две-годишната гаранција на корисниците и на својот сајт, и дополнителни 500.000 евра бидејќи го нудел AppleCare без целосно објаснување за правата на корисниците. Apple има 90 дена да си го дополни својот итанлијанскиот сајт со повеќе информации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments