Рецензија: The Last Kids on Earth: Hit the Deck

The Last Kids on Earth доживеа одреден успех, што со популарната книга за млади, што со Netflix серијалот. Онаму каде што има дим има и огин, па поради тоа, Last Kids on Earth and the Staff of Doom беше првата игра која се осмели да капитализира на литературниот и филмски успех. Staff of Doom не беше лоша игра и, потпомогната од Game Pass, успеја да заинтригира многу млади умови. Нешто повеќе од година дена, се појавува нова игра од овој серијал, но значително поразлична од првата.

Last Kids on Earth: Hit the Deck! е игра со запазување редови која исто така имлементира гејмплеј механики со карти. Како резултат, се создаваат уникатни можности за малку подлабоко искуство и флексибилност при играњето, дури и да не сте фан на Netflix серијата. Уште на самиот почеток ви се сервираат најразлични карти кои можете да ги користите за реализирање офанзивни и дефанзивни тактики.

Играјќи со два од четири херои во кое било време скокате од локација до локација и се пресметувате со најразлични зомби чудовишта, користејќи, притоа, најразлични оружја и способности. Секој од четирите ликови има уникатни предности, но и недостатоци. Па така, Џек е супер за тимски пресметки под притисок, особено кога здравјето му е намалено, но Џун е вистинска нинџа кога се работи за избегнување напади. Слично на ова, Квин може полесно да користи најразлична опрема, а Дирк е исклучително силен и со леснотија ги штити останатите членови од напади.

Додадете на сево ова можности за користење над 50 парчиња опрема и над 400 карти кои уникатно ги менуваат пресметките и добивате бледа претстава за тоа колку длабоки можат да бидат битките во Last Kids on Earth: Hit the Deck! На играта активно работат девелопери од Wizards of the Coast R&D Alumni – луѓе кои претходно работеле на MTG: Duels of the Planeswalkers. Секоја битка низ триесетте квестови делува уникатна и со огромна вредност на преигрување затоа што имате огромна слобода во билдање и организирање на вашиот шпил, како и оружјата и опремата.

Иако сево ова навистина добро звучи, одредени работи ни попречија целосно да уживаме во играта. Last Kids on Earth: Hit the Deck! нема приказна, барем не во вистинската смисла на зборот. Играта почнува со еден извадок од серијата, па битка, па уште еден видео извадок, па повторно битка. Тука и таму, помеѓу овие работи ќе чуете сиромашни дијалози или додека да дојдете до квестот ќе донесете неколку одлуки во стилот Choose your own adventure.

Брзо забележавме дека во Last Kids on Earth: Hit the Deck! фали состојката која го поврзува гејмплејот со приказната и, доколку ја немате читано книгата или гледано серијата, ќе се чувствувате емоционално отсечени од бројните наративни елементи кои, повторуваме, оставени се на вашата имагинација. А кога сме кај визуелните елементи, не помага ни тоа што се е реализирано на начин да ја привлече и задржи помладата публика. За крај, сметаме дека анимациите при реализација на бројните напади и одбрани се исклучително сиромашни и независно од тоа дали се таргетира помлада или повозразна публика, финалниот резултат е исклучително статичен, да не кажеме здодевен.

Сите овие работи што ги кажавме не би требало да ве разочараат затоа што, зад хаубата, Last Kids on Earth: Hit the Deck! е солидна игра со солидни механики, особено кога ќе земете во предвид дека играта сеуште е дел од раниот пристап на Steam, а постојано се проширува со нови надополнувања. Доколку пак, сте ја изгледале серијата, прочитале книгата или изиграле првата игра, ќе се чувствувате како да сте дома со The Last Kids on Earth: Hit the Deck!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk