0 коментари 2 мин. читање 1 март, 2013

Кој таблет компјутер е најлесен за поправање?

Порталот iFixit, познат по тоа што ги презентира уредите со расклопување и откривање на составните делови, објави листа во која ги рангира таблет компјутерите според според едноставноста за расклопување. Со оглед на тоа колку треба да се збиени елементите еден до друг, „едноставно расклопување“ во случајов е релативен поим, но листата покажува колку е веројатна и колку би чинела поправката на презентираните таблет компјутери.

Критерумите се следни: едноставност за отворање на таблет компјутерот, промена на батеријата, промена на дисплејот, елементи кои се користат за држење на уредот (лепак, штрафови, жглебови и слично),  бројот на штрафови и нивен стандард, но и алатот кој е потребен за отворање на таблет комјутерите.

Наједноставни за расклопување се Dell XPS 10, Amazon Kindle Fire и Deal Streak. Најсолжени пак очекувано се таблетите на Apple и новиот таблет од Microsoft, според редослед од најтешкиот до најлесниот: Microsoft Surface Pro, Apple iPad Mini и Apple iPad 4.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top