Кој стои зад спамот од Нигерија?

Тоа е познатa скам порака, наречена „Нигериско писмо“ или „419 измама“. Името го добива од Нигерија, афричка земја со само 7% интернет пенетрација, но земја која е 3-та во светот по испратени спам пораки, веднаш зад САД и Британија. Комисијата за електронски и финансиски криминал на Нигерија
(EFCC) во 2007 година отворила 18,000 случаеви за интернет измама кој е мулти-милионски бизнис во афричката земја. Во земјата постојано се вршат рации нис интернет кафулињата, кои и самите помагаат да се намали овој криминал.

„Ги набљудуваме тие што прават нелегални работи, и ако ги фатиме ги истеруваме. Ако тој се врати не го служиме“ вели Кенет Окендо, директор на Steadylink интернет кафето од градот Фестак. „Ако е некој тврдоглав ги викаме трупите[нигериската EFCC] да дојдат да ги соберат.“ вели г-дин. Окендо за Global Post.

Повеќето од скамерите се млади луѓе кои се добро образование, но сиромашни и без работа. „Овие млади луѓе се постојано во интернет кафулињата. Како и зградите од градот Фестак, тие се направени за иднина која што ветуваше многу повеќе одошто нуди.“ пишува Емон Китле-Ален од Global Post.

И покрај борбата на нигериските власти против ваквот криминал, Нигерија веќе неколку години е третиот најголем извор на спам во светот, покажува американскиот Центар за интернет криминал (Ic3). Спамерите дури го користат и EFCC, чиј сајт е небезбеден според Mozilla Firefox, како извор за да извлечат пари. Подолу можете да видите видео од BBC, чиj новинар ja придружува рацијата на нигериските полицајци во интернет кафе која на крај завршува со престрелка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments