0 коментари 2 мин. читање

MySpace најави сервис за електронска пошта

{mosimage} Според извори на paidContent.org, MySpace денес ќе претстави сопствен сервис за електронска пошта. MySpace планира да го надогради својот сервис за допишување во целосен веб сервис за електронска пошта, па наместо комуникација само со другите членови на MySpace, членовите ќе имаат @myspace.com имеил адреса.

Воведувањето на сервисот се очекува да започне денес, па наводно да биде целосно достапен за сите членови на MySpace до крајот на годинава. Друштвената мрежа има околу 130 милиони корисници во светот, од кои 70 милиони во САД. Сеуште не е јасно како ќе оди воведувањето на новиот сервис за електронска пошта и дали ќе биде достапен и надвор од САД. Но, ако сервисот биде успешен сигурно ќе се прошири и низ светот.

Некои од членовите веќе имаат пристап до овој сервис, кои како тест корисници интерактивно ќе комуницираат со одговорните од MySpace, кои пак ќе се потрудат да ги одстранат евентуалните недостатоци на сервисот.

{mosimage}

MySpace неодамна се соочуваше со финансиски проблеми, отпуштање на вработени, откажувањето од битката за конкуренција со Facebook, како и обидите за ребрендирање во „забавен портал."
Вo еден момент Овен Ван Ната, директорот на MySpace рече „Нашите корисници не знаат дали сме друштвен сајт, музички сајт или забавен портал“.

„Лансирањето на нов производ во овој момент, некако не се поклопува со сево ова, освен ако овој нов производ бил во подготовка пред кадровските промени и доаѓањето на г-дин. Ван Ната како главен и одговорен уредник на MySpace.“ пишува paidContent.

Кај обичните членови, новите имеил адреси може да помогнат во извлекувањето на брендот на MySpace од својот домеин и да се создаде еден вид универзален MySpace клуч за логирање. Надоградбата на системот за допишување во систем за електронска пошта можеби нема да привлече нови корисници за MySpace, но може да помогне да се сопре трендот на одлив на членството.

Колку и да сакаат некои луѓе да се подсмеваат на MySpace, компанијата сепак има добри идеи. MySpace им овозможи за своите корисници резервација на сопствени URL адреси за своите профили уште пред неколку години, нешто што Facebook го започна пред некој месец. Додека пак MySpace Music e хит кој постајано расте од објавувањето на сервисот, бележи скоро 190% раст во посетеност од септември 2008 година, според Nielsen.

Со овој имeил сервис MySpace ќе им овозможи на своите корисници да се идентификуваат со брендот, а поради популарноста и ефектот на MySpace Music нема да биде чудно и музичарите и другите луѓе од шоубизнисот да покажат интерес за @MySpace.com.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top