Српскиот маркетинг блог Buzzilla.rs објави листа со најпопуларните Google+ корисници од екс-ју регионот. Buzzilla.rs има напревено свој API за да га листа корисниците, официјалниот API од Google сè уште не е објавен.
Моменталнот прв на листата е музичкиот продуцент Урош Умек со убедливи 3.128 следбеници на Google+, додека зад него е SEO аналитичарот Иван Димитријевиќ со над 1.700 следбеници.
Доколку сакате да се видите кои сте на листата доволно е да го внесете вашиот ID, тоа е бројот во URL-то на вашиот профил. Доколку, пак, сакате да пребарувате корисници, покрај по име, Buzzilla.rs има додадено можност за пребарување по информација, пример да пребарувате само дизајнери.
Па, нека почне натпреварот по популарност! Шегата на страна, Google+ изобилува со ИТ професионалци и листата може да им биде корисна на луѓето да се поврзете со корисници од регионов со слична професија.