4 коментари 1 мин. читање

Google+ го олеснува начинот на кој се покануваат нови корисници

Google+ расте со неверојатна брзина, но многу корисници сè уште ги немаат покането сите пријатели. Еден од недостатоците на начинот на кој се поканува сега, е тоа што корисниците треба да ги знаат имејл адресите на своите пријатели.

Тимот зад Google+ имајќи го во предвид фактот дека не можеме да ги знаеме имејл адресите на сите наши пријатели, во наредните неколку дена ќе претстави нов начин на поканување. Новиот начин на поканување ќе биде далеку поедноставен. Сè ќе што треба да направите е да стиснете на копчето Invite friends, каде ќе ви се појави линк. Овој линк го праќате на оној кој сакате да го поканите на Google+. Бидејќи оваа опција е сè уште нова, ќе можете да пратите само 150 покани.

Со овој поедноставен начин на поканување, Google+ ќе расте далеку побрзо од сега.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top