Во последно време изгледа како секој да ќе си направи сопствена крипто валута. Куп различни индустрии, држави и ентузијасти веќе претставија сопствени дигитални валути. Можеби затоа и не големо изненадувње дека и Kodak лансира сопствена валута.
Популарниот производител на камери во партнерство со лондонската компанија Wenn Media Group започна со ICO. Малку потоа акциите на Kodak рипнаа за над 120%.
KodakCoins ќе бидат своевидни токени со кои фотографите ќе можат да го докажат своето авторство врз фотографиите. Технологијата ќе креира книга (ledgee) на сопственици на авторски прва. Ова ќе креира повеќе можности и поедноставно следење на авторските права. Дополнителнo, крипто-валутата ќе креира нов екосистем во кој фотографите ќе можат да ги продаваат своите слики, но и полесно да ја докажуваат сопственоста.
Некогаш популарниот производител на камери, пропадна во 2012 година. Компанијата го продава брендот „Kodak“ за куп различни, производи од батерии до принтери. KashMiner операцијата ќе биде под Spotlite, компанија со која Kodak соработуваше на LED светилки, пренесува BBC.