0 коментари 2 мин. читање 11 јануари, 2018

Lenovo’s Mirage Solo е првиот самостоен Daydream уред

Lenovo Mirage Solo е првиот Daydream VR уред кој доаѓа без потреба од дополнителен телефон.

Daydream е идејата на Google за виртуелна реалност. Уредите беа своевидни школки во кои корисникот го поставува својот телефон. Уредот кој го претстави Lenovo, е првиот ваков Android уред за кој не е потребен дополнителен телефон.

Mirage доаѓа со Snapdragon 835 процесор и 4 GB RAM, со што и е своевиден паметен телефон, иако не може да го користите. Уредот доаѓа и со 5.5 инчен диплеј.

Она што е сепак најважно за овој уред е дека за прв пат доаѓа со WorldSense технологија од Google. За прв пат не се потребни камери и сензори за следењe на положбата на корисникот. Со ова, како и со некористењето на кабли се зголемува испреплетувањето на вистинската и проширената реалност.

Она што останува нејасно е цената, но и датата на почетокот на продажба.

Што се однесува до ваквите самостојни уреди, и Facebook, во сорабока со кинескиот гигант Xiaomi најави креирање на нов производ. Occulus Go секако нема да ја освојува истата „публика“ како Vive на HTC, но најверојатно ќе бидат конкуренти со Mirage.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top