Nokia се враќа со Android телефони на почеток на 2017

0 коментари 2 мин. читање

Во почетокот на 2017 поранешниот гигант се враќа со нов уред. Со новиот телефон компанијата нема да експериметира со оперативни системи, туку доаѓа со најпопуларниот оперативен систем, Android. Новиот телефон ќе биде во соработка со HMD Global.

nokia_5_phones_4-compressor

Првите уреди се основни и најверојатно ќе ве потсетат на телефони од пред неколку години. Телефоните кои доаѓаат под Nokia брендот за жал нема да бидат дизајнирани од компанијaтата, туку од HMD. Производството е во Foxconn фабриката во Кина, каде што се произведуваат голем дел од телефоните, помеѓу кои iPhone, Xiaomi, но и куп други.

Сепак компанијта не го користи името само да привлече корисници. Брендот е доволно моќен да привлече дел од најталентираните дизајнери кои ќе ја дизајнират следната серија на уреди. Освен млади и талентрани дизајнери Nokia успева да привлече и ветерани како Флориан Сеш од HTC, пишува BBC.

Nokia неколку години не е присутна на пазарот на мобилни уреди, а ова беше дел од обврските кои финската компанија ги презема по купувањето на Microsoft. Сепак брендот сè уште ги нема изгубено симпатиите кај корисниците кои ги паметат постарите телефони, особено 3310 кој важи како телефон што не може да се уништи.

https://www.youtube.com/watch?v=f_QAN0H82gM

Компанијата долго време ги имаше најпродаваните телефони на пазарот. По преземањето на првото место од Samsung и доминација на iPhone, па и на Blackberry, но и ужасниот избор на оперативни системи, Nokia полека пропаѓаше.

На крајот компанијата се обиде и со Windows Phone и откако и ова не успеа станаа дел од Microsoft. Microsoft по промената на Стив Балмер и доаѓањето на Сатја Недела го загуби интересот за телефони, па компанијата речиси постојано отпушта и затвора делови од Nokia.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top