Кинеската групација Camel инвестира 30 милиони долари во Rimac Automobile

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Кинеската групација Camel ќе инвестира 27 милиони долари во Rimac Automobile и 3 милиони долари во Grayp Bikes. Кинеската групација е една од најголемите производители на автомобилски батерии во Кина, и еден од најголемите извозници на батерии.

Недамна и Aston Martin објави дека Rimac ќе ја произведува батеријата за нивниот нов електричен автомобил. По последните две инвестиции се чини дека иднината на Rimac е многу повеќе како технолошка развојна компанија отколку, како производител на возила. Токму вака ја опишуваат и новите инвеститори Camel, јави Index.hr.

„Rimac e високотехнолошка компанија. Фокусирана е на истражување, развој и производство на електрични возила, систем за батерии, поврзаност во возилата и инфотаинмент систем“.

Во Rimac во тек е втората рунда на инвестиции, која сè уште не е завршена, па најверојатно хрватската компанија може да се надева на нови инвестиции пред затворање на втората рунда. Сепак, средствата се и повеќе од доволни за следните неколку години.

„Средствата кои досега ги собравме ќе бидат доволни за нашиот бизнис план за следните неколку години. Сега имаме повеќе капитал од планираното, па немам планови за барање на идни инвестиции“, вели Мате Римац.

Ова не е првпат милионска сума да „влезе“ во Rimac. Вo 2014 година, во првиот инвестициски циклус, Frank Kanayet Yepes купи 6% од акциите на компанијата. Мнозинскиот сопственик на Forbes, Тек Чунг Јам инвестираше 1 милион долари за 2% од акциите. Најголем инвеститор досега е China Dynamic, кој купи 10% од акциите. Со ова компанијата во првата инвестициска рунда собра 10 милиони долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments