Kindle Fire HDX 7 е уште еден чекор на Amazon кон освојување на пазарот

во Хардвер

Amazon ја претстави новата генерација на Kindle таблет компјутери. За разлика од претходниците, овој пат Џеф Безос презентацијата на 8,9 инчниот Kindle Fire HDX, 7-инчниот Kindle Fire и нова надградена верзија на Kindle Fire HD ја направи пред многу мал број новинари.

Уредите доаѓаат во период кога Amazon го има највисокиот удел во користењето на интернет помеѓу сите Android таблет компјутери во САД. Со оглед на тоа дека во јануари, на САД отпаѓаа дури 59 отсто од сообраќајот од таблет компјутери во светот, бројката од 33 отсто на Kindle во Android пазарот во САД би ги донел на околу 20 отсто на светско ниво Од тогаш учеството на Amazon во интернет сообраќајот во САД порасна на, за нив, рекордни 40 отсто. За жал Amazon сè уште не ги објавува бројките од продажбата на своите таблети, а тајновитоста е подеднаква и кога се во прашање бројот на нарачани уреди од фабриките.

Новите Kindle уреди треба само да ја зацврстат положбата која ја имаат Kindle таблетите на пазарот. Покрај надградениот хардвер, таблет компјутерите доаѓаат со значително помала тежина која за дел од нив е намалена за над 30 проценти. Батеријата може да работи од 11 до 17 часови помеѓу полнењето во зависност од активностите на корисниците. Изборот на процесор за новата серија „падна“ на брзиот 2,2 GHz Snapdragon 800, а удвоен е и рамот на уредите кој сега е 2GB. Основната верзија на Kindle Fire HD со 8 GB простор ќе доаѓа за цена од 140 долари, новиот 7-инчен HDX ќе чини 230 долари, а за 8,9-инчниот HDX таблет ќе бидат потребни 380 долари.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk