Пробивањето на ТouchID на Apple е „лесно“, но бара „трпение на криминолог“

во Хак-атак/Приватност

Според хакерите од Chaos Computers Club, кои го пробија сензорот за читање на отпечатоци на iPhone 5S само неколку дена од претставување на телефонот, пробивањето воопшто не претставуваше предизвик. Напротив, членот Starbug, кој објави детално видео од хакот, вели дека хакнувањето на сензорот всушност било „разочарување, бидејќи се надевавме дека ќе ни треба недела-две“.

Но, според Марк Роџерс од Lookout, иако пробивањето на сензорот е лесно и едноставно, сепак бара висока експертиза, академско истражување и „трпение на криминолог“. Г. Роџерс во свој блог пост детално објаснува зошто TouchID е проблематичен да се хакне, велејќи дека клучот лежи во „подигање“ на чист отисок од прст, што не е толку лесно. Отисокот не треба да биде замачкан, што е најчестото сценарио кога го користите телефонот на кој со прстите само лизгате на површина, или кликате со врвот на прстите, но не го оставате целиот отисок како што бара сензорот. Втора потешкотија за просечен криминалец е што треба да го подигне чистиот отисок кој може лесно да се замачка, за што треба експертиза и соодветна технологија. На крај, целиот процес до украдениот и лажен отисок зависи од 5-те обиди по кои TouchID се гаси и телефонот бара да се внесе PIN код.

„Посветен напаѓач со време и ресурси да ја набљудува и следи жртвата, можеби нема да има проблем со TouchID. Но, за среќа тоа не е опасност за повеќето од нас.“, вели г. Роџерс.

Според него, TouchID е само корисна алатка за заштита на податоците, иако до 50 отсто од корисниците на iPhone не користат ниту PIN код да го заклучат телефонот кој е постојано со нив. Поголемиот проблем е што прави Apple со тие податоци и како ги штити, бидејќи покрај дигиталните податоци, сега Apple има и нешто физичко од корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Гение
Гение
10 years ago

Глупости на квадрат :)))))))) Толку филмање за проста работа. Една обичен двостран селотејп ќе го реши проблемот.

види ги сите огласи на kariera.it.mk