IndieGameStand е нова продавница која пред се е наменета за независните студија за видео игри, но и за нивните фанови. Целта на продавницата е да им го олесни животот на инди-развивачите и нивно полесно претставување пред публиката, пишува Escapist.
Продавницата е еволуција на популарниот „pay what you want“ сервис кој продаваше пакети од инди-игри. Сега продавницата сепак изгледа далеку поозбилно, иако споредбите со Steam се несоодветни, иако корисниците на Steam не може, а да не ја забележат сличноста помеѓу двете страни. Но за разлика од Greenlight игрите овде нема да се рангираат по популарност и сите дизанери ќе можат да ги постават игрите за продажба. Од сумата која корисниците ќе ја платат за играта IGS задржува 20 отсто, 10 одат во добротворни цели, а останатите 70 отсто во џебовите на развивачите.
„Идејата за продавницата ни дојде откако ги слушавме девелоперите за тоа колку едноставна за користење е нашата основа. Девелоперите буквално за неколку минути можеа да ја постават својата игра на страната. Ова секако е голема предност бидејќи не го трошиме нивното време.“
IndieGameStand има стотина игри од 72 независни студија, а отворањето на продавницата го прославуваат со распродажба на најпопуларните наслови. Escape Goat, SpaceChem, Paranautical Activity и Vox се само дел од игрите кои се понудени на попуст кој трае до 1 октомври.







