Кина со најголем број интернет корисници

во Свет

{mosimage}Иако Кина е земја со најголем број на жители во светот, многу од нив се сиромашни и немаат пристап до технологија т.е. до интернетот, но сепак и покрај овој факт, според бројките објавени од страна на кинеското Министерството за информации, Кина располата со 221 милиони интернет корисници.

Познато е дека во Кина беше забранет пристапот до веб страници кои се хостирани надвор од нивната земја и на корисниците им беа дозволени само кинески сајтови, но работите почнаа да се менуваат за Кина во последниве година дена и од неодамна на жителите на Кина им беше дозволен пристап до веб страници кои се и на англиски јазик, нормално со блокирање на пристап до оние "проблематичните".

При крајот на минатата година (2007), Соединетите Американски Држави располагаа со 205 милиони интернет корисници додека Кина со 210 милиони. Забележаниот пораст од 10 милиони во рок од само 5-6 месеци за Кина претставува голем успех во поглед на интернет индустријата.

Кинескиот министер за информации изјавил дека покрај зголемувањето на бројот на жителите и користењето на интернет, сеуште не го надминале просечниот процент на глобалното ниво. Глобланиот просек во проценти на интернет корисници на некоја држава изнесува 19.1%, додека Кина има просек од 16%.

Кинеските авторитети очекуваат до крајот на 2008 година, бројот на интернет корисници да изнесува 280 милиони. Овие драстични промени во Кина се забележани откако претседателот Ху Јинтао нареди "расчистување" на интернетот во 2007 година и отворање на пристап до некогашните забранети содржини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk