0 коментари 1 мин. читање

Ротоскопија или без мака нема наука

{mosimage}Ротоскопијата е процес во кој селектираме дел (објект,површина) од сликата (frame by frame) со цел да го модифицираме изолирано од целата композиција.

Овој процес бара многу време, нерви и желба за работа и е познат уште како “христовите маки” во видео композитингот. Со ротоскопија можеме да ја контролираме и транспарентноста на делот од сликата кој ни е селектиран во даден фрејм или серија на фрејмови (секвенца).

Јас имав искуство со изработка на рото мејтс (roto mattes) каде што работевме тимски и увидов дека е многу одговорна работа, мала грешка во планирањето може да те чини 3-4 саати активна работа. :-)

Видеово го преземав од Youtube и мислам дека е супер за мал вовед во ротоскопијата, секако има многу работи кои не се спомнати во ова видео но во иднина ќе се обидам лично јас да изработам вакви видеа на македонски јазик , а до тогаш ќе се снаоѓаме на ваков начин.

{youtube}7AXcCXCzIWs{/youtube}

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top