0 коментари 2 мин. читање 23 февруари, 2018

Кина е нов лидер во инвестиции во вештачка интелигенција

Кина ги надмина САД и сега е новиот лидер според инвестирањето во стартапи кои работат на вештачка интелигенција.

На Кина отпаѓаат неверојатни 48% од инвестициите во стартапи кои работат со вештачка интелигенција. За споредба, САД на второто место имаат 38%, пренесе Verge. На овие две држави отпаѓаат 86% од инвестициите во вештачка интелигенција во стартапи.

Овој податок сепак е само еден дел од сликата. Остатокот во огромна мера е на страна на САД. Во САД е поголем бројот на стартапи кои работат на вештачка интелигенција, а и вкупните инвестиции во овој сектор се поголеми од Кина.

Иако дел од предностите на Кина се евидентни, сепак се чини дека во овој случај имаме ситуација во која статистиката баш и не ги прикажува точните податоци.

Сепак истражувањето покажува дека најинтересна технологија за развој во Кина е препознавањето на ликови. Со оглед на тоа дека во Кина живеат 1,4 милијарди жители, се чини дека природно e оваа технологија најпрво да се развие тука. Втор сектор по финансирањето е производството и дизајн на чипови за вештачка интелигенција.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top