Airbnb претстави Plus програма, ќе може да се изнајмуваат луди локации

во feature, Свет

Најпознатиот и најпопуларниот стартап кога изнајмувањето простор е во прашање, најавува кул нови промени. Наскоро корисниците на сервисот ќе можат да изнајмуваат и да се сместуваат во најлуди простори.

Пример, ќе може да изнајмите и штали, бродови, куќи на дрво и куп слични локации. Промените ќе бидат достапни наскоро и можеби ќе бидат достапни веќе од следното лето.

Најголем дел од промените ќе се однесуваат на категориите и можноста за нивно пребарување. На пример, сега може да најдете соба, кревет или цела куќа. Во иднина ќе има уште многу нови категории. Дел веќе се споменати, но ќе може да се изнајмуваат и локации како кафулиња или цели хотели, секако доколку бидат достапни.

„Ќе додадеме илјадници нови категории и ќе направиме на гостите да им биде полесно да пронајдат место за престој“, вели ко-основачот на Airbnb, Брајан Чески.

Дополнително, компанијата лансираше ново ниво на услугата, Plus. Airbnb Plus ќе доаѓа со персонал од компанијата кој ќе проверува дали просторот кој се изнамува ги исполнува критериумите. За почеток овој сервис ќе започне со 2.000 локации во 13 градови.

Куќите во Plus програмата ригорозно ќе бидат прегледани за чистотата, дизајн, комфор, како и купатила, кујни и спални соби. Услугата нема да биде евтина, а и самиот престој ќе чини над 250 долари на вечер.

Конечно и над оваа програма има уште поекслузивна понуда. Beyond е последното ниво соодветно дури и за најпребирливите изнајмувачи.

Стартапот постои од 2008 година, но ова е најголемата промена направена досега.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments