Истражување на ИРЛ: Безбедносната состојба на државните веб-сервери е многу лоша

2 коментари 1 мин. читање

Тимот на Истражувачка репортерска лабораторија – Македонија (ИРЛ) во последната епизода на Редакција ја истражува безбедноста на веб-страниците на македонските државни институции. Дел од истрагата е и интервјуто со Владислав Бидиков и Боро Јакимовски професори на ФИНКИ, кои се задолжени за администрирање и одржување на повеќе државни веб-страници.

Истражувањето ја опфаќа ноќта на изборите и нападот врз серверите на Државната изборна комисија и Time.mk, а подоцна ја истражуваат и генералната безбедност на веб страниците. За жал истрагата покажа дека безбедноста на сајтовите не е на доволно ниво и на скалата за безбедност од 1 до 10 (повисока оценка е полоша) во просек сајтовите се оценети со 7,5.

Резултатите од истражувањето се поразителни и покажуваат дека најголем дел се исклучителни подложни на сајбер-напад.

„Секое дете со малку познавање на компјутери и неколку упатства од YouTube може да онеспособи цела веб-страна“, вели Шахак Шалев, независен експерт за сајбер-безбедност ангажиран од ИРЛ.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top