Производството на поевтини електрични автомобили е една од работите кои Елон Маск ги ветува одамна. За жал возилата и натаму не се поевтини, а иако е на самиот врв кога се проценува вредностa на производителите на возила, Tesla произведува значително помалку автомобили од конкуренцијата.
Giga Press е огромна автоматизирана преса за лиење која треба да биде решение за двата проблеми. Пресата е огромна со димензии 20х7,5х6 метри, но бидејќи заменува многу роботи, сепак заштедува простор. Производител на Giga Press е италијанската компанија Idra.
Она што го овозможува е лиење на шасијата на возилото во еден дел со што значително се намалува бројот на делови кои треба да се склопат или заварат. За лиењето на шасијата од растопен метал до дел кој е готов за склопување се потребни само 100 секунди. Според процените само една фабрика со 10 вакви преси може да произведе 350 000 возила годишно.
Фабриките на Tesla во Фримонт, Остин, Шангај, Берлин започнаа да користат Giga Press и треба да помогнат во остварување на целта од 1 милион произведени возила во 2021. Зголеменото производство на автомобили ќе придонесе до дополнително намалување на цената. Со самото користење на пресата трошоците би можеле да се намалат 30%. За жал Giga Press ќе придонесе и за намалување на бројот на вработени.
[…] post Огромни автомат&… appeared first on […]