{mosimage}На 20-ти мај на голем број продажни места во Македонија беше објавено новото списание за компјутери, Click. Содржано од 92 страници и со цена од 90 денари, ова е второто македонско компјутерско списание присутно на пазарот во Македонија, заедно со Ентер.
Според зборовите на главниот уредник Владимир Кочковски, објавени на почетната страница од првиот број, "главната цел на ова списание е прикажувањето на светот на компјутерите и технологијата од една поинаква перспектива, која е напишана од ентузијасти за ентузијасти."
На почетната страница на првото издание на оваа месечна публикација како главна сторија се наоѓа насловот "Најкорисни 30 веб сервиси кои ќе ви го променат животот на интернет" и насловните текстови за рецензиите на Sony Alpha дигиталните камери, Photoshop Express, GTA IV, Asus EeePC и др. Додека во внатрешноста на списанието можат да бидат пронајдени голем број на други интересни содржини.
Списанието Click, чиј издавач е Global Media и кое се печати во печатница Софија, Богданци а се дистрибуира преку мрежата на МПМ, е достапно за прегледување во скратена верзија и онлајн
преку бесплатниот сервис за објавување нa публикации во електронска форма, Issuu.com. За идните изданија на печатеното списание, уредниците ветуваат и паралелно веб присуство.
Global Media e и издавач на списанијата eSport и AutoFocus, кои исто така преку сервисот Issuu се достапни онлајн.






