1 коментар 1 мин. читање

Hi5.com на македонски јазик

{mosimage}Друштвената мрежа која континуирано бележи успех ширум светот, Hi5.com продолжува со своето интернационално проширување со објавување на 10 нови преводи на својата веб платформа, вклучувајќи го и македонскиот јазик. Дејствувајќи на ист начин како Facebook, Hi5.com им дозволи на своите корисници самите да ја преведат страната.

Освен македонската верзија кој сеуште е во бета, сајтот денеска ги објави верзиите на дански, британски енглески, фински, хинду, словачки, шпански (мексико), шпански (колумбија), шведски и најави дека до крајот на годината сајтот ќе биде достапен и во други 20 јазици.

Македонската верзија на сајтот дефинитивно не е завршена бидејќи сеуште недостасуваат преводите на полисите за сигурност и приватност како и многу други останати термини.

Најпопуларните друштвени мрежи се чини дека пронајдоа вистински начин како за малку пари и многу мал труд од страна на компанијата да се прошират глобално искористувајќи ги своите корисници.

{mosimage}

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top