Сите сме имале денови кога секојдневните релаксирачки рутини ја губат магијата и не можат да не расположат. Во моменти кога здодевноста полека се прикрадува и пред целосно да ве превеземе, посетете го BoredButton.com и кликнете на големото црвено и двосмислено копче. :)
Секое кликнување ве вдомува на некој од стотици интерактивни сајтови, специјално осмислени да го намалат или пак целосно елиминираат чувството на здодевност. Нашите неколку кликнувања не заинтригираат со листи од смешни јадења, играчки, шеги и слично, ни ја покажаа најглупавата игра на светот, а и се потрудија да не информираат за локацијата на нашата IP адреса преку интересен прашалник за мачиња.
Слично на здодевното копче, Bored Banda ќе проба да ве задржи во будна состојба со бројни постови од најразлични категории како фотографии, животни, илустрации или смешни постови. Па така, прочитајте за најсмешните рецензии на Амазон, за невообичаената желба на 105 годишна баба и, нешто поблиску до нашата струка, направа која ви дозволува да воспоставите видео чатови со вашето милениче. На BoredPanda исто така можат да се најдат и интересни фотографии и приказни и за Македонија како на пример приказната за семејството Исмаили кое живее со волци, како и дела на наши дизајнери како на пример чудовиштата на Dreadpen.
Независно дали ќе побарате утеха во црвеното копче или пак на BoredPanda, забавата е, барем до одреден степен, загарантирана.







