Startup Tours: Претставете го својот стартап во Берлин и Лондон

во Останато

CEED-Global ги повикува стартапите на Startup Tours – интересни и информативни работни патувања во европските центри. Првата тура е од 17. до 21. октомври во Берлин, а втората од 14. до 18. ноември во Лондон. Целта е локалните стартапи да се запознаат со светската сцена и она што е потребно за успех на овие пазари.

Програмата е наменета за  технички стартапи, а за учество потребно е стартапот да не е постар од три години; може да учествуваат компании од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Србија, Грузија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Косово и Украина.

Иако стартапите треба да бидат понови од три години, сепак мора да бидат во поодминaта фаза на развој. Идејата на која работат мора да е докажана, а идеите и решенијата мора да се скалабилни. Освен техничките стартапи добродејдени се повеќе сектори: здравство, финансии, паметни градови, Интернет на нештата.

Организаторот ќе ги покрие трошоците за сместување, а компаниите самите ќе треба да го покријат патот. Заинтересираните треба да се пријават за учество пред 12. септември. Со оглед на очекуваниот интерес, секој од стартапите може да се пријави за посета на само една локација. Startup Tours е помогнат од USAID и REG.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments