0 коментари 2 мин. читање 11 октомври, 2016

Кажете им збогум на постојаните логирања, благодарение на SessionBox

Колку пати ви се случило да се логирате во еден имејл и потоа да мора да се одјавите за да проверите друг имејл. И обратно…

Порано или подоцна ваквата пракса станува исклучително здодевна и потребата да останете логирани во повеќе акаунти на еден ист сајт ја решавате со бројни, отворени прозорци преку различни прелистувачи. Но, што доколку има подобар начин?

SessionBox  е корисна екстензија која става крај на овој проблем така што додава панел во вашиот Chrome прелистувач и ви дозволува да имате повеќе активни сесии на еден веб сајт. Па така, лесно и со еден клик може да се префрлувате од вашиот работен на личен имејл како и на бројни акаунти од кои било други сајтови. На ваков начин целосно ја исфрлувате потребата од пријавување и одјавување.

untitled

Секој пат кога ќе го отворите Chrome и кога ќе се логирате, дали преку компјутер, телефон или таблет, екстензијата SessionBox ги синхронизира вашите сесии преку сите направи.

Ваквото нешто знае да биде корисно и доколку одредена направа се користи од повеќе членови од семејството кои си веруваат едни на други, но ги мрази постојано да поминуваат низ процесите за најавување. Сесиите, патем, се заштитени преку енкрипција, а покрај тоа што можете да ги групирате, можете и да ги прикажувате во соодветна боја и име.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top