Играта која вечно е во развој, 7 Days to Die од неодамна доби огромно надополнување во гејмплејот.
За неупатените, 7 Days to Die е игра во која, сами или со друштво, истражувате, создавате, поправате и градите најразлични работи за да ги преживеете неуморните напади на орда од зомби чудовишта. Низ долгиот креативен процес, авторите покажаа целосно посвета и желба да исфрлат продукт кој целосно се поклопува со нивната првична визија.
Алфа 15 е најновата стабилна верзија на една од подобрите survival игри со зомби чудовишта и сега е уште подобра со нов пустински кањон, огромни планини и 23 нови локации како за Navezgane така и за останатите светови кои се создаваат по случаен избор. 7 Days to Die нуди и значително поисполнително искуство и во поглед на бројните нови и подобрени елементи од гејмплејот. Таквото нешто е најочигледно со системите за тргување и економија, вендинг машини, хемиски станици и нова тежина при играње, наречена Blood Moon Horde.
Ова е едно од најголемите надополнувања која играта го има добиено уште од кога навлезе во раниот пристап на Steam во 2013-та година. Но, доаѓа со цена и ги брише сите сочувани игри на играчите.
„Само што ја исфрливме Алфа 15, стабилна верзија“, објаснуваат авторите, „Се надеваме дека ќе ви се допадне најголемото надополнување и дека ќе ни помогнете во пронаоѓање и пријавување багови. Надополнувањето за 7 Days to Die значително ја менува структурата на претходната стабилна верзија и, поради тоа, задолжително е покренување нова игра“.
За крај, авторите посочуваат дека доколку на идете на поголеми проблеми при стартување на играта, потребно е да ја преинсталирате играта, па дури и да го избришете вашиот профил.