1 коментар 1 мин. читање

Karas4training сака да биде централно место за сите љубители на спортот

Како веб портал, друштвена мрежа и блог, Karas4training.com ќе се обиде да ги привлече сите професионални спортисти и аматери, тренери и инструктори, и да им понуди место каде ќе можат да се дружат, да споделуваат мислење и совети за тренинзи и исхрана.

Новоста кај овој портал е што е еден вид на друштвена мрежа и блог платформа во исто време. Сајтот ќе им дозволи на регистрираните корисници да комуницираат меѓу себе и да добиваат известување за настани организирани од другите корисници. Корисниците ќе можат и да пишуваат текстови кои можат да се појават на насловната страна.

„Идејата ни беше да создадеме едно централно место на интернет на кое ќе ги собереме сите што професионално или аматерски се занимаваат со спорт. Не ни е важно кој спорт го практикуваат, важно ни е да имаат желба да се активни, па макар тоа било и одење на Водно, возење велосипед Бистра или трчање на кеј.”, вели Елена Митреска-Јовановска, администраторот на сајтот.

По македонската верзија, Комсофт, компанијата зад Karas4training.com, ќе следат и локална бугарска верзија, и англиска верзија која ќе биде „фузија од сите локални“.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top