Канје Вест го купува Parler

Ако те бркаат од Twitter, најдобро да си направиш своја сопствена мрежа. Ова прв го направи Доналд Трамп со Truth Social, а сега откако го „избркаа“ од Twitter и Instagram, сличен потег ќе направи и контроверзниот музичар Канје Вест.

Разликата е во тоа што во овој случај Канје нема да развива сопствена мрежа, туку се одлучи да го купи Parler. Веста официјално ја потврди со соопштение Parliament Technologies, компанијата која е зад друштвената мрежа. Популарниот рапер само пред една недела беше отстранет од Twitter и од Instagram, поради антисемитизам.

„Во свет каде што конзервативните мислења се сметаат за контроверзни, мора да се погрижиме да имаме право слободно да се изразуваме“, вели Канје Вест, кој од неодамна инсистира на новото име Je (Ye).

Договорот за купување на друштвената мрежа го поздрави и Џорџ Фармер, директор на Parler.

Ова зделка ќе го промени светот и ќе го промени начинот на кој светот размислува за слободата на говорот. Ye прави огромен исчекор во светот на слободни медиуми и никогаш повторно нема да треба да се грижи дали ќе биде отстранет од друштвените мрежи. Уште еднаш Ye докажува дека е чекор пред наративот на традиционалните медиуми. Parlement е почестен да му помогне да ги постигне своите цели“.

Канје Вест – новиот сопственик на Parler

Parler како и Twitter е микроблог. Основан е во 2018 година од Џон Мазе, Џаред Томсон и Ребека Мерсер. Благодарение на минималното модерирање на содржината бројат нa корисници постојано растеше, се до крајот на 2020 и настаните по кои најмногу од луѓето дознаа за Parler – протестите и влегувањето на поддржувачите на Доналд Трамп во Американскиот Капитол.

Во овој период најголем дел од друштвените мрежи проценија дека Трамп ја поттикнува толпата и го отстранија од своите платформи. Parler уште пред овој период тврдеше дека се фокусирани на слободата на говорот. Најголем дел од корисниците на Parler останаа на платформата, но самата платформа беше отстранета и од Google Play, и од App Store. Двете најголеми продавници за апликации проценија дека постои опасност од насилство и нелегална активност, и без модерирање на содржината Parler  не може да остане во продавниците. Набрзо по ова Amazon го прекина хостингот за Parler. Подоцна, по ветувањата за модерирање на содржината, Apple и Google ја вратија друштвената мрежа на своите продавници. Хостирањето на микроблогот сега е на сопствени сервери, за кои велат никој не може да ги исклучи.

Колку е добра зделката за Канје Вест и Parler е тешко да се процени. Сепак едно е јасно, барем нема да биде здодевно…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk