0 коментари 1 мин. читање 17 октомври, 2022

Доведете се во топ форма со MuscleWiki

Доколку имате барем малку време во текот на денот и сакате да го посветите на оформување на вашето тело, тогаш MuscleWiki е веб сајт само за вас!

По посетување на вебсајтот, избирате машки или женски пол, а потоа, од понудените слики на телото, кое е прикажано од предна и задна страна, одбирате на кој дел сакате да работите. По одбирање некој дел од телотo, ќе ви бидат прикажани чекор-по-чекор инструкции за тоа какви вежби да правите и кои помошни средства да користите (тегови или справа).

MuscleWiki ги сервира демонстрациите во видео форма и инструкциите преку детален, текстуален опис. Пред да одберете некој дел од телото, можете да изберете и на кој начин сакате да вежбате преку некоја од опциите кои ги наоѓате над сликите (dumbbells, stretches, и слично).

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top