{mosimage}
BeFunky e едноставен сервис со кој ќе можете да додадете ефект на вашата фотографија. Најдобро е што нема потреба од регистрација и процесот е многу брз. Пример, како слика го искористив летното лого на It.com.mk, го закачив на BeFunky, може да се закачи директно од компјутер, УРЛ, или веб камера и одбрав ефект.
BeFunky самиот ја среди сликата и сега е подготвена да ја закачам на некоја од друштвените мрежи или само да си ја снимам на компјутерот.
Ова е сликата од логото на It.com.mk, изработено од Столе Китановиќ а.к.а DinamicMK.
{mosimage}
А ова е еден од ефектите кои ги прави BeFunky. Само треба да се закачи сликата и да се одбере еден од ефектите, во овој случај Charcola, кои можете да ги видите десно од сликата, и нивните варијации горе, над сликата.
{mosimage}
Лесно и едноставно.