Како студент по право се бореше за приватноста на Европјаните

Иако беше потребен Европскиот суд на правдата да издејствува и да го суспендира законот за префрлање на податоците на граѓаните на Европската Унија во податочни центри во САД; сепак битката за безбедноста на корисниците започна од 28-годишен студент по право. Мислењата околу законот се поделени, едни го поздравуваат неговото суспендирање – велејќи дека „Светот е променет кон подобро,“ но без сомневање суспензијата претставува нов проблем кој ИТ компаниите мора да го решат за доброто на корисниците.

Ретко кој се можеше да се надева на ваква разврска. Европската Унија и САД веруваа дека нивниот, таканаречен safe harbor договор ќе ја гарантира приватноста на податоците на Европјаните кои се хостирани од околу 4.000 ИТ компании во САД, дека така би требало да се заштити безбедноста и приватноста на тие податоци. Но, за Макс Шкремс, студент по право на Универзитетот на Виена, договорот беше проблем. Затоа и ја поднесе иницијативата да се укине договорот пред Европскиот суд. „Го очекував овој резултат“, вели тој за New York Times. Сега според одлуката на судот, сите 28 земји-членки ќе можат да покренат истрага против било која компанија од САД за тоа како ги менаџираат и заштитуваат податоците на своите граѓани. Тоа, вели New York Times, може да претставува проблем бидејќи не сите се склони кон погледите на Силициумската долина околу приватноста.

Борбата на г. Шремс започнува пред четири години, како 24 годишен студент во Универзитетот Санта Клара во Калифорнија. Мотивацијата доаѓа од една посета на адвокати на компании од Силициумската Долина кои на предавање за приватноста на корисниците, обелоденија дека не се премногу загрижени за законот во Европа, бидејќи казните за прекршување на овој закон се ретки и ниски.

Револтиран од овој однос, г. Шремс напиша есеј за однесувањето на Facebook кога се во прашање законите и заштита на податоците на корисниците од Европа. Дел од истражувањето беше да ги разгледа податоците кои Facebook го собира, па логично започна од себе. На негово изненадување, Facebook му го испрати неговото досие во форма на CD со документ од 1.200 страни во кои е запишан секој poke, пријател, па дури и постови кои ги избришал, фотографии кои ги тргнал, и приватни разговори кои ги водел со пријателите пред неколку години. Во дел од тие разговори имало и сензитивни инфорамции на негова пријателка која била болна. Како што вели г. Шремс, во разговорите „ја имаше нејзината медицинска историја. И иако ги избришав, тие уште беа таму“.

NSA, Сноуден и застрашувачките методи на следење на Интернетот

Тој поднесе приговор до ирскиот комесар за приватност, бидејќи европското седиште на Facebook е во Ирска. И иако случајот се одоговлекуваше или беше одбиван, се до моментот кога поранешниот аналитичар на NSA, Eдвард Сноуден, објави доверливи документи од Американската национална агенција за безбедност кои открија дека агенцијата има техники, методи и технологија да ги следи сите интернет комуникации, да дојдат до податоци директно од серверите, заобиколувајќи го законот. Тие документи го привлекоа вниманието на Европскиот суд за правда, и се најголем придонес за укинувањето на Safe Harbor.

Еден од проблемите кои ќе бидат пречка при преговорите за нова соработка е разликата помеѓу САД и Европа кога се во прашање правилата за користење. Компаниите во САД ја префрлаат сета вина на корисниците, давајќи им ги правилата за користење на читање, често на десетици страни. Доколку корисниците ги прифатат, а го прават тоа и без читање на условите, тогаш тие си стануваат одговорни за својата судбина.

Сепак, г. Шремс не прекинува да ја користи најголемата друштвена мрежа, единствено смета дека одлуката за кои податоци ќе бидат споделени, а кој не, мора да биде во рацете на корисниците. „Станува збор за нешто што го сметаме како основно човеково право. Не можете да кажете: Ох не мислам дека сакам да го користам Првиот амандман,“ објаснува г. Шремс.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] адвокат и активист за заштита на лични податоци Макс Шремс. Спорот на Шремс започна во 2013 година, откако Едвард […]

trackback

[…] компании од САД. Најавата доаѓа неколку недели по стопирањето на Safe Harbour програмата која подразбираше можност за префрлање на личните […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk