1 коментар 4 мин. читање 8 април, 2020

Како Singular #РаботиОдДома

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи. Очекувано најголем дел од читателите беше позаинтересиран како со епидемијата се справуваат локалните компании. Па затоа, во серијал насловен “Како [локална компанија] #РаботиОдДома” од повеќе текстови ќе се обидеме да презентираме што прават најголем дел од ИТ компаниите кои се од Македонија или имаат канцеларии во Македонија.

Ова е практиката на работа на интернационалната компанијата Singular фокусирана на изработка на софтвер за гејминг индустријата. Главните развојни бази на компанијата се лоцирани во Грузија и Македонија, со тоа што тимот во Скопје е фокусиран на развој на софтвер за спортско обложување.

Разговаравме со Дарко Гацов основачки партнер во Singular и Елена Михајлоска, шеф на маркетинг.


Како се справувате се овие отежнати услови за работа?

Почнавме со подготовки за можна пандемија првата недела од февруари со спремање на процеси “што би било кога би било”. Секако без разлика на подготовките, човек не може никогаш да е спремен за ваква ситуација, не од работен аспект туку самата тежина и ескалација која беше до сега и ќе следува.

Меѓу првите ако не и првите сме што почнавме со работа од дома. Не е толку што се отежнати, колку што се различни. Еве веќе скоро месец дена како работиме од дома и предизвик е, мора да признаам.

Какво е влијанието врз работата и клиентите?

Сите family mambers се исклучително одговорни и професионални кои во детали си ја познаваат работата. Работиме на наши производи каде важна е експертизата и во самиот домен и производ, но истата придонесува за помала фрикција од аспект на физички каде се наоѓаме. нашите клиентите се во иста ситуација, некои посилно, некои помалку погодени, но сега повеќе од кога било е наша обврска и предизвик да им помогнеме и на нив да ги пребродат овие времиња со што е можно помалце последици.

Кои алатки ги користите за да ја олесните работата од дома? 

Користиме многу алатки за колаборација Confluence, Jira , Slack, Skype, Miro, Zoom, StarLeaf и е одлично време да истестираме која најдобро си ја врши работата. Едно е сигурно сега имаме и време и можност да го направиме тоа на раат бидејќи сите од фирма сме во самоиницијативна самоизолација.

Кои се предизвиците при работа од дома?

Побрзо поминува денот, потешко се двојат деновите без гледање во календар, работното време, барем кај мене е перпетуално (Дарко), нема состаноци во живо и колку и да има заменски дигитални решенија – не е тоа тоа.

Во недостаток на она последното, се забележува дека драстично сме поактивни на дигиталните полиња не само за професионална туку и за друштвена “соработка”.

Имавте ли некој специфичен предизвик кој можеби не можевте да го предвидите?

До сега среќа немаше таков предизвик, што не значи дека и нема да се појави. Но како со сè, со ладна глава и здрав пристап додека сме живи и здрави со сè ќе се справиме.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}