Како легално и бесплатно да зграпчите софтвер кој чини пари?

во Вести

Сите сакаме бесплатни работи, особено кога се работи за корисни софтверски алатки. Но, оние функции што нам вистински нѝ требаат, обично доаѓаат прикачени со цена. Доколку сте доволно трпеливи и спремни за одредени компромиси, следниве два веб сајта кријат потенцијали за бесплатно зграпчување најразлични програми кои, во нормални услови, чинат пари.

Software Giveaway е веб сајт на кој бесплатно се нудат лиценци за користење програми за Windows, Android, или macOS. Можете да наидете и на најразлични, неколку месечни претплати за користење на најпознатите програми. Сите понуди се од различен временско чувствителен карактер.

Giveawayoftheday, нуди слични работи, но, од време на време знае да понуди и игри, како и купони и попусти на одредени програми, односно претплати. За некои лиценци имате исклучително мали шанси да ги добиете затоа што имаат, на пример, само десет клучеви, а добитниците се избираат по случаен избор.

При користење на овие сајтови се бара трпеливост и способност за компромиси затоа што нема веднаш да наидете на бесплатни можности за користење на саканиот програм. Шансите се дека програмот кој навистина сакате да го зграпчите бесплатно можеби никогаш нема ни да се појави. Но, доколку секојдневно ги посетувате овие сајтови, би можеле да се изненадите од бројни интересни алтернативи.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајко
Трајко
2 years ago

Само, да не испадни работава како со приказната со Zinio, која беше лично од Вас пренесена
https://www.it.mk/prikazna-za-toa-kako-zinio-n-ponudi-besplatni-spisanija-a-n-zema-2500-denari/

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk